Description
| Пред употреба на лекот внимателно прочитајте го упатството. · Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно. · Ако имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт · Овој лек Ви е препишан Вам лично и не треба да им го давате на други лица, бидејќи може да им наштети дури и ако нивните симптоми се исти како Вашите.
|
Упатството за пациентот содржи:
- Што претставува лекот Angioflux и за што се употребува
- Што мора да знаете, пред да го земете/употребите лекот Angioflux
- Како да го земете/употребите лекот Angioflux
- Можни несакани дејства (ефекти)
- Чување и рок на употреба на лекот Angioflux
ANGOIFLUX
250 LRU МЕКИ КАПСУЛИ
SULODEXID
СОСТАВ
250 LRU меки капсули
Една капсула содржи:
Активна супстанца: Сулодексид LRU 250
Помошнисупстанци:Миглиол 812 – Натриум лаурилсулфат – Преципитирана силика.
НОСИТЕЛ НА ОДОБРЕНИЕТО ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ
ДПТУ Кемофармациа Ше ДООЕЛ импорт-експорт Тетово; ул. Андреја Стојановиќ бр. 9; 1200 Тетово, Македонија
ПРОИЗВОДИТЕЛИ ФИНАЛЕН КОНТРОЛЕР
Производител:
Catalent Italy S.p.A. – Via Nettunense Km 20, 100 – Априлиа (Латина) – Италија
Финален контролер:
MITIM S.r.l. ViaCacciamali, 34-36-38 – 25125 Бреша, Италија
1.ШтопретставуваANGOIFLUX и заштосеупотребува
250 LRU меки капсули
Една капсула содржи:
Активна супстанца: Сулодексид LRU 250
ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА И СОДРЖИНА
250 LRU Меки капсули – 50 Капсули
ФАРМАКОТЕРАПЕВТСКА КЛАСИФИКАЦИЈА
Антитромбинска/Хепаринска,ATC Код: B01AB11.
ANGOUFLUX е создаден од Сулодексид од екстрахирачко потекло.
ANGOUFLUX има докажана активност врз сите хемокоагулативни и хемореолошки фактори кои влијаат врз поттикнувањето и продолжувањето на процесот на тромбоза.
Главниот механизам на дејствување може да се идентификува при инхибиција на активираниот фактор на коагулација Х во зависност од дозирањето, додека ефектот на ограничено дејствување со тромбинот ги избегнува последиците од антикоагулација.
Сулодексидот го активира фибринолитскиот систем на ѕидовитеи циркулацијата, ја намалува тромбоцитната агрегација и позитивно ги менува вискозиметричните параметри на плазмата.
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Хронични венозни улцери.
- Што треба да знаете пред да го земате/употребувате ANGIOFLUX
Немојте да го земате/употребувате ANGIOFLUX, при:
Хиперсензитивност на главната супстанца или на некоја од помошните.
Бидејќи молекуларната структура е слична на хепаринот, ANGIOFLUX не треба да се дава на пациенти кои се хиперсензитивни на хепарини и хепариноиди. Хеморагична диатеза.
Бидете посебно внимателни со ANGIOFLUX, ако:
Во сите случаи на терапија со антикоагуланти, препорачуваме периодична контрола на параметрите на хемокоагулација.
Употреба за време на бременост и доење
Кај бремените жени и раната бременост, производот треба да се дава во случај на ефективна потреба, и тоа под директен надзор од лекар.
Од претпазливи причини, се препорачува лекот да не се користи за време на бременоста, дури иако студиите за фетална токсичност не покажале никакви ембрио-фетусни токсични последици.
Земање/употребување на други лекови
Бидејќи сулодексидот има слична молекула со хепаринот, тој може да ги зголеми ефектите на антикоагулација од хепаринот, како и на оралните антикоагуланти доколку се земаат истовремено.
“Ве молиме да имате во вид дека овие укажувања можат да се однесуваат и на оние производи што сте ги земале во минатото или ќе ги земате во иднина”.
“Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт”.
- Како да се зема/употребува лекот ANGIOFLUX
Меки капсули:1 капсула 2-пати дневно, помеѓу оброци на гладно.
Препорачуваме да се започне со терапијата најпрвин со ампулите, а по 15-20 дена, да се продолжи со капсулите следните 30-40 дена.Целосниот терапевтски циклус треба да се повтори најмалку двапати годишно. Количината и времето на дозирање може да се разликува, во зависност од мислењето на лекарот.
Ако имате впечаток дека ефектот на ANGIOFLUXе премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт.
Акостеземале/употребилепоголемадозаодANGIOFLUXотколкуштотреба:
Акостеземале/употребилепоголемадозаодANGIOFLUX отколкуштотреба, веднаштребадасепосоветувтесоВашиотлекарилифармацевт
Акостезаборавиледагоземете/употребителекотANGIOFLUX:
Неземајтедвојнадозазадајанадоместитепропуштенатадоза.
“Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар”.
- Можни несакани дејства (ефекти)
Како и сите лекови, ANGIOFLUX може да има несакани дејства.
Повремени случаи на попречување во работата на гастроинтестиналниот систем, повраќање и епигастралгија.
Овие несакани дејства се генерално минливи. Сепак најдобро е да се консултирате со лекар доколку се појават.
Придржувањето на сите информации кои се содржат во ова упатство го намалува ризикот од несакани дејства.
Ако приметите било какви несакани дејства кои не се споменати во ова упатство, Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.
- Чување и рок на трање
РОК НА ТРАЕЊЕ: крајниот рок е наведен на пакувањето.
Производот не смее да се употребува по истекот на крајниот рок на траење кој е наведен на пакувањето.
Рокот на траење се однесува на производот кој не е отворен и кој е соодветно чуван.
НАЧИН НА ЧУВАЊЕ:
250 LRU меки капсули: се чува на температура под 30˚С
Чувајте го производот вон дофат и видокруг на деца.
Начин на издавање на лекот
250 LRU меки капсули
Лекот се издава во аптека само на рецепт.
Датум на последната ревизија на упатството
SEPTEMVRI 2009
Број на одобрение за ставање на лекот во промет
